Митков прв стрелец против Алпла Хард

mitkov

Поранешниот македонски репрезенативец, Влатко Митков беше прв стрелец во редовите на Брегенц во вечерашната пресметка со Алпла Хард во првата австриска лига.

Искусниот бек реализираше пет од неговите дванаесет обиди кон противничкиот гол, односно во натпреварот во кој гостите рутински го добија со 23-18 (13-10). Најдобар на дуелот беше Иван Хорват со перфектен учинок од девет голови од девет удари кон голот на Брегенц.

Митков и другарите со 10 бода се на осмата позиција на табелата.

Facebook Коментари