Митков повторно најдобар, Брегенц испушти чиста победа

mitkov

Поранешниот македонски репрезентативец, Влатко Митков забележа уште еден добар настап во дресот на Брегенц, но за жал таа негова партија не беше крунисана со освојување на целиот плен, односно двата бода на пресметката со Унион Јури Леобен во австрискиот шампионат.

Брегенц на 1 минута и 26 секунди до крајот имаше позитива од плус два (26-24), ама до крајот на успеа да постигне гол и гостите со серија од 2-0 дојдоа до голем бод, реми од 26-26 на овој дуел.

Митков повторно беше прв стрелец во својот табор или поточно ја подели првата позиција со Васел и Фруштук.

Во следната рунда Влатко и Брегенц се домаќини на Ферлах.

Facebook Коментари