Митков и Кремс немоќни на гостувањето кај Линц

mitkov sut

Искусниот македонски бек, Влатко Митков и неговиот Кремс го претрпеа четвртиот првенствен пораз во Австрија и тоа на гостувањето кај Линц со 39-28.

Иако Кремс на хартија важеше за фаворит на оваа средба, тоа не успеа да го оправда на теренот на кој мотивираниот домашен тим беше супериорен особено во првиот дел во кој и ја направи клучната разлика (22-12).

Митков одигра под своето ниво и даде само два голови, а супер партија кај победниците имаше Предраговиќ со 14 погодоци.

Кремс со 14 бода е четврти на табелата, во следното коло е домаќин на лидерот АОН Фиверс.

Facebook Коментари