Митков и Кремс му одржаа лекција на лидерот во Австрија

mitkov

Македонскиот ракометен ас, Влатко Митков и неговиот Кремс издвојуваа голема победа во Австрија и тоа над лидерот во шампионатот АОН Фиверс со 33-28.

Домашните ракометари бодрени од публиката го „изедоа“ фаворитот уште во првиот дел правејќи разлика од седум погодоци (18-11). Во вторите 30 минути Митков и другарите во неколку наврати дојдоа и до плус 10, но потоа дојде до мало опуштање кое гостите го искористија и се изборија за попристоен пораз.

Нашиот Митков на оваа средба имаше учинок од три погодоци и еден промашен удар од седум метри.

Кремс со 16 бодови е на четвртото место на табелата по 12 рунди.

Facebook Коментари