Поврзете се со нас

Свет

Митков и натаму останува активен: Ракометниот ветеран си пронајде нов клуб во Австрија

Објавено

на

Влатко Митков како ракометен ветеран одбива да стави крај на својата играчка кариера, а тоа го докажа и со послендиот потег кој го презема на професионално ниво.

Поранешниот македонски репрезентативец си подаде рака со второлигашот Холабрун, клуб кој денеска соопшти дека искусниот ракометар го засилува нивниот тим.

Митков и досега беше во Австрија и беше дел од Брегенц, па иако таму имаше и задача на тренер во младинскиот погон, сепак реши дека е време за нов чекор во кариерата.

Холабрун се натпреварува во втората австриска ракометна лига и потпишаниот договор е во времетраење од една година, а Митков е најавен како големо засилување со оглед на репрезентативното си-ви и пристигнувањето од елитата.

Митков долго време беше дел и од најсилната репрезентација на Македонија, а репрезентативната кариера ја заврши со 91 настап зад своето име.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни