Митков и Брегенц ја прекинаа серијата на порази

mitkov

Влатко Митков и Брегенц ја прекинаа серијата од три порази и славеа над Грац со 26-24 во првата лига на Австрија.

Во двете полувремиња гостите за нијанса беа подобри од противникот, првите 30 минути ги реализираа со 10-9, додека пак вториот дел со 16-15. Ова за Брегенц беше прва победа во групата за опстанок и со 11 бода се наоѓа на третото место на табелата.

Поранешниот македонски репрезентативец Митков дуелот го заврши со 4 голови и 1 асистенција.

Facebook Коментари