Митков „бомбардираше“ и му донесе победа на Брегенц

Mitkov-napad

Поранешниот македонски репрезентативец, Влатко Митков имаше извонредна партија и му донесе победа на Брегенц во првата лига на Австрија.

Искусниот бек беше прв стрелец со девет постигнати голови на гостувањето кај Ремус, дуел кој Влатко и компанија го реализираа со 27-25. Домаќините водеа по првиот дел со 15-14, но во вториот дел улогите се променија, Брегенц беше подобар и се избори за славје кое е шесто во актуелнава кампања.

Со вкупно 12 бода тимот на Митков се наоѓа на 8 место на табелата.

Facebook Коментари