Митков и Ангелов по голема борба ја загубија полуфиналната мајсторка во Австрија (Видео)

Angelov-Mitkov

Поранешните македонски репрезентативци, Влатко Митков и Петар Ангелов заедно со нивните колеги од Кремс не успеаа да се изборат за пласман во финалната серија и борба за титулата во Австрија.

Во решавачкиот меч составот на Кремс по голема борба загуби од Фиверс со 28-27 и на тој начин со 2-1 беше решена оваа битка во полза на фаворитот. Влатко, Петар и пријателите одиграа одличен меч, го контролираа резултатот, го имаа водството, но во самиот финиш попуштија и домаќиниот дојде до пресврт на општо задоволство на навивачите.

Тимот на Фиверс во последните 6 минути направи серија од 5-2 со што си овозможи радост и финале во кое силите ќе ги одмери со Алпла Хард.

Митков дуелот го заврши мечот со три гола, а Кремс сезоната ја завршува на третото место.

ОВДЕ пак можете да видите една од одбраните на нашиот Диви.

Facebook Коментари