Митков и Ангелов издржаа само едно полувреме против лидерот во Австрија

mitkov odbrana

Македонските ракометни ветерани,  Влатко Митков и Петре Ангелов со нивниот Кремс доживеаа очекуван пораз од лидерот АЛПЛА Хард во австрискиот шампионат.

Гостите одиграа одлично прво полувреме и истото го добија со 12-9, но во вториот дел домаќините се разбудија и со 20-9 дојдоа до конечен триумф од 29-21. Митков даде 3 голови, а во листата на стрелци се запиша и Ангелов (1).

Најефикасен на дуелиот беше ракометарот на АЛПЛА Хард, Танасковиќ со 7 голови.

Кремс со 17 бода е на третото место на табелата.

Facebook Коментари