Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митјиланд со пресврт до место во групната фаза на ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Митјиланд ќе игра во групната фаза во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2020/2021.

Данскиот првак успеа вечерва да направи голем успех и тоа откако со пресврт славеше над Славија Прага со 4-1. Домаќините уште на самиот старт примија гол преку Олајинка, а тоа ги стави во лоша позиција со оглед на тоа што првата средба во Чешка заврши без победник 0-0.

Овој резултат беше активен се од 65 минута од кога започна шоуто на фудбалерите на Митјиланд кои прво преку Каба израмнија на 1-1.  Беше драматично до самата завршница кога домашните играчи експлодираа, па од 84 до 91 испратија три топки во мрежата на противникот и со тоа си обезбедија билет за главната фаза во елитното натпреварување.





Таму ќе биде руски Краснодар кој по втор пат беше подобар од ПАОК со 2-1 како и австриски Салцбург. „Биковите“ славеа над Макаби ТА со 3-1 и со вкупни 5-2 го решија овој двомеч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни