Поврзете се со нас

Светски првенства

Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Марко Митев како организатор на играта на македонската репрезентација има се позначајна улога во ротацијата на Кирил Лазаров, но и тој како и многумина наши ракометари, вчера беше крајно разочаран од епилогот кој дефинтивно не го заслужија македонските ракометари.

Конечните 37:32 во корист на Холандија дефинитивно не се реална слика за тоа што се случуваше на теренот, бидејќи борбените Македонци во добар дел од натпреварот беа сопирани и од данските судии кои станаа топ тема и во микс-зоната во Вараждин.

Мадс Хансен и Јеспер Мадсен досудија 12 пенали за противниците, доделија две исклучувања за македонски ракометари и го темпираа критериумот во корист на фаворитот, па сето ова предизивка да видиме и крајно нервозни изјави од нашите претставници.

РФМ како најважно ракометно тело во нашата земја најави дека ќе достави жалба за арбитражата, а младиот Митев изречно посочи дека Македонија била поразена од Холандија со данска помош.

– Се обидовме да влеземе во нивниот ритам, но тие беа екстра брзи и беше нависитна тешко да се следи. До 20 минута бевме во ритам  и се носевме, но потоа ни падна фокусот и од тој момент го диктираа мечот. Во вториот дел добро отворивме, успеавме да се вратиме, но двајцата дански судии не ни дозволија целосно да се вратиме.

– Македонија загуби од Холандија со помош од Данска. На крајот испаѓа дека мечот го загубивме во последните 10 минути од првиот дел, нивната полуконтра и брзиот центар направија голема разлика.  Се на се, сметам деак судиите беа преригорозни, судеа за нив и статистиката најдобро говори што се случуваше на теренот, – изјави Митев.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни