Поврзете се со нас

Репрезентација

Митев: Ќе оставиме срце на терен, одиме на победа на сите натпревари

Објавено

на

Македонската сениорска ракометна репрезентација и понатаму се подготвува за настап на Светското првенство во кое во првата фаза ќе играме во Вараждин и ќе се соочиме со Гвинеја, Холандија и Унгарија.

Има доволно време до првиот натпревар со Унгарците кој е закажан за 15 јануари, но она што е добро е дека атмосферата во нашата селекција е на највисоко ниво и со нетрпение се очекува мундијалот

-Веќе сме при крај на подготовките, јас сум максимално подготвен и целиот тим е подготвен за СП. Одиме да се бориме и да ја поминеме првата фаза, а понатаму чекор по чекор ќе видиме што ќе биде.

-Унгарија и Холандија имаат различен стил на игра, Унгарците повеќе играат на кружен напаѓач и шутеви, Холанѓаните се базираат на игра на еден на еден и се побрза репрезентација. Мора да бидеме фокусирани на двата натпревари и нормално да не губиме надеж, секогаш имаме шанси, -истакна бекот Марко Митев кој верува дека имаме се што е потребно за квалитетен настап на СП.

-Верувам во пласман во наредната фаза, одиме на победа на сите натпревари, ќе оставиме срце на терен и што биде нека биде. Порака до навивачите да дојдат во што поголем број, тие ќе бидат нашиот осми играч и мотив плус да изгинеме на терен, -порача Митев.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни