Светски првенства
Митев: Имавме среќа, но среќата ги прати храбрите!

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Марко Митев беше голгетерски најрасположен во македонската репрезентација во ремито кое го одигравме со Австрија во Вараждин, ривал кој се покажа дека му лежи на нашиот бек кој имаше пауза од четири дена поради повреда.
Митев не настапи на натпреварот против Гвинеја поради проблем со рамото, па иако денеска не беше 100 проценти подготвен за игра, тој го даде максимумот и беше извонреден со шест постигнати погодоци.
– Не бев максимално подготвен за игра, но дадов се што имав. И покрај повредата на рамото, ми лежеше да играм против Австрија, иако ние како тим се мачевме со нивната игра 7 на 6. На крајот имавме и среќа, но среќата ги прати храбрите. Бод си е бод, – изјави Митев, кој се надева на уште подобро колективно издание против Катар за два дена.
– Имаме повредени и болни играчи во тимот, но мора да се подготвиме најдобро што можеме, да го дадеме максимумот и да го победиме Катар.
– Треба да се подготвиме најдобро што можеме, да останеме фокусирани и да влеземе уште посилно од денеска. Очекувам сличен натпревар како овој денеска, но ќе влеземе со цел да оставриме победа, – посочи Митев.
-
Лига на шампиони21 час
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони6 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…