Поврзете се со нас

Репрезентација

Митев: Целта ја исполнивме, ќе бидеме подобри на наредното првенство

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Марко Митев постигна четири погодоци и на крајот го понесе признанието МВП на вечерашниот меч против Франција на Светското првенство.

Бекот беше одличен пред се во првиот дел кога Французинот тешко се справуваа со него, немаа одговор и им правеше доста проблеми. Митев е задоволен од играта и тоа што беше прикажано од екипата, а притоа верува дека на следниот турнир ќе биде постигнат уште подобар резултат.

-Јас сум задоволен од се што прикажавме досега, можеби овој меч ни значеше најмногу, требаше да бидеме пофокусирани, да пробаме да изненадиме, но Франција е еден гигант и беше многу тешко да останеме фокусирани низ сите 60 минути. Ја исполнивме нашата цел, завршивме во Топ 16 и се надевам наредното првенство ќе биде многу подобро, -рече Митев кој даде коментар за улогата која ја има во националниот состав.

-Задоволен сум од минутажата, улогата која ја имам, но морам да им се заблагодарам и да соиграчите затоа што без нив немаше да бидеме каде што сме сега, -истакна членот на Алкалоид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни