Поврзете се со нас

Македонија

Мисли на иднината: Бутел доведе двајца талентирани ракометари

Објавено

на

Македонскиот прволигаш РК Бутел продолжува да го гради тимот за наредната сезона, но и воедно да мисли и малку подалеку во иднината, па така клубот се пофали дека успеал да ангажира двајца млади и талентирани ракометари.

Се работи за 18-годишниот лев бек Илија Табаков кој доаѓа од редовите на Борец Велес и десниот бек Андреј Петрушевски (18 години) кој во новата средина пристигнува од Вардар. Двајцата потпишаа тригодишни договори.

Претходно во Бутел Скопје дојде левото крило Дамјан Субашевски од Металург РА, а беа потпишани професионални договори со петмина ракометари од нашата младинска школа

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни