Англија
Мисијата „Лига на шампиони“ станува се потешка за Гвардиола и Сити (Видео)

Манчестер Сити одамна не е кандидат за титулата и стана јасно дека не може да го одбрани трофејот, но сега во прашање се доведува и втората главна мисија која си ја постави Пеп Гвардиола за завршницата од сезоната.
Не само што не се бори за трофејот, Сити во моментов делува како тим кој не делува доволно убедливо и за да влезе во топ четири, нешто за што доказ добивме и ова попладне.
„Граѓаните“ на двапати водеа против Брајтон и во два наврати ја испуштаа предноста, па во финишот беа на чекор да претрпат и болен пораз.
Ерлинг Халанд и Омар Мармуш носеа предност за фаворитот, но Брајтон се враќаше преку Еступињан, како и преку Хусанов кој си постигна несреќен автогол.
Во самата завршница од мечот, Нико Гонзалес од непосредна близина го погоди дирекот, но најдобрата шанса ја имаше Балеба во 82-та минута кога не реализираше зицер од идеална позиција.
Конечните 2:2 се многу подобар вест за Брајтон кој останува на седмата позиција, додека Сити не направи напредок и останува на петтото место на табелата.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Шпанија13 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија17 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија18 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови6 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија9 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони17 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија14 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
НБА17 часа
Минесота направи „брејк“ во Ел-Еј, Детроит не успеа да го изненади Њујорк