Боречки спортови
Мировски стана светски јуниорски шампион во кик-бокс
Македонскиот кик-боксер Силвио Мировски го освои златниот медал на Светското првенство за кадети и јуниори, кое викендов се одржува во Будимпешта.
Нашиот претставник во денешното финале го совлада Иван Бородатји од Украина со 2:1 и на тој начин се закити со златен медал и го оствари најголемиот успех во досегашната кариера.
Мировски настапуваше во категоријата постари јуниори со тежина до 71 килограм, а до златниот медал дојде откако претходно оствари уште две победи во претходните нокаут фази.
Вчера, златен медал освои и Марија Димовска и тоа во категоријата до 60 килограми, додека Лука Змејковски се враќа од Будимпешта со сребрен медал.
На СП во Будимпешта учествуваат над 2000 спортисти од 68 земји во светот.
-
АТПпред 21 час
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 24 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Лига на шампионипред 6 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 19 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Мото ГПпред 18 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 7 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
АТПпред 17 часа
Ѓоковиќ детално објасни зошто олимпиското злато е повредно од сите освоени 24 грен слем титули
-
Англијапред 17 часа
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……