Поврзете се со нас

Евролига

Миротиќ со неочекуван коментар: Ја газев линијата? Па како да не им свират на судиите

Објавено

на

Никола Миротиќ беше јунакот на Барселона на натпреварот во Белград против Црвена Звезда кој „каталонците“ го добија во луда завршница со 99:94.

Домашниот тим ја имаше победата во своите раце затоа што на осум секунди до крајот на средбата имаше предност од три поени, но за нивна жал тоа не се покажа како доволно, па на крајот по продолженија го положија оружјето пред моќниот противник.

Виновник за победата на Барселона беше Никола Миротиќ кој со звукот на сирената погоди тројка која го одведе натпреварот во продолженија.

Она што српските медиуми веднаш го забележаа е дека Миротиќ при примањето на топката ја газел аут линијата, па кошот не требало да биде признат. Интересно видување за целата оваа ситуација имаше и самиот Миротиќ кој ги нападна судиите зошто не го поништиле кошот.

– Не ја знаев оваа информација. Гледате какви се судиите, и како после да не им свират? Шокиран сум. Тие работи не смее да се случуваат со оглед дека имаме толку камери и системи за следење на случувањата на теренот.

– Не се сомневам во тоа што се зборува, верувам дека ја газев линијата но за тоа не знаев се додека не ми кажавте вие, – изјави Миротиќ за српските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни