Поврзете се со нас

Свет

Миротиќ со емотивна порака го испрати Гасол во пензија

Објавено

на

Пау Гасол реши да стави крај на својата успешна кошаркарска кариера, во која освои многу трофеи со клубовите и шпанската репрезентација, а долго настапуваше и во НБА лигата.

Информацијата дека Гасол се повлекува денеска иницираше и специјална порака од неговиот соиграч Никола Миротиќ, кој долго ја делеше соблекувалната со постариот колега.

– Колку многу среќа имав што можев да го делам овој спорт со тебе.

– За се што ме научи на и надвор од терените, ти си вистински пример и референца за спортист.

– Она што го оставаш зад себе ќе трае вечно, ти благодарам за се брате, – твитна Миротиќ.

Гасол ја завршува својата кариера како играч кој настапуваше за Барселона, Мемфис, Лос Анџелес Лејкерс, Чикаго, Сан Антонио, Мемфис и Портланд, освои две НБА титули со „езерџиите“, a како лидер на Шпанија, освои три Европски првенства и едно Светско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни