Евролига
Миротиќ се врати и ја предводеше Барселона до нов триумф, Валенсија му зема мерка на Партизан во Белград (ВИДЕО)

Никола Миротиќ имаше фантастичен кам-бек на терените и во својот прв меч по повредата ја предводеше Барселона до триумф над Алба Берлин (88-86) во рамките на 11. коло во Евролигата.
Искусниот ас ги надмина проблемите кои ги имаше со ахиловата тетива, односно со 19 поени, 6 скока и 3 асистенции покажа дека повредата е зад него и дека ќе биде големо засилување за каталонците во преостанатиот дел од сезоната.
Покрај Миротиќ одличен беше и Лапровитола со 16 кошеви, додека еден помалку имаше Хигинс. Ова за Барса беше трето славје во серија, осмо во натпреварувачката 2022/2023.
Партизан пак го загуби трилерот со Валенсија со 100-96. „Црно-белите“ важеа за фаворити на хартија, ама тоа не го потврдија на паркетот каде мораше да се играат и дополнителни пет минути за да се добие победникот.
Риверо и Џејмс Веб искомбинираа 40 поени, дабл-дабл кај Партизан имаше Лесор (22 поени и 10 скокови).
Останати резултати: Анадолу Ефес-Олимпијакос 82-71, Асвел-Монако 75-84, Басконија-Милано 78-62.
-
Светпред 17 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 18 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти