Поврзете се со нас

Свет

Миротиќ прогласен за МВП на сезоната во шпанската Ендеса лига

Објавено

на

Никола Миротиќ реши да ја напушти НБА и да се врати во Шпанија, каде сезонава е член на Барселона.

Овој потег се покажа како голем погодок на каталонскиот клуб, а игрите на Миротиќ му го донесоа и МВП признанието во шпанската Ендеса лига.

Денеска на програмата се полуфиналните дуели од завршниот турнир, каде Барселона за противник ќе го има тимот на Бургос, а шпанскиот кошаркар со црногорско потекло го доби најпосакуваното индивидуално признание.

Просекот од 19,5 поени и 5,7 скокови по натпревар е доволен доказ за игрите на Миротиќ, кој е нов лидер на Барселона, а за него ова е второ МВП признание откако го освои и како член на Реал Мадрид во сезоната 2012/13.

Во гласањето на тренерите, играчите и новинарите, Миротиќ ги оставил зад себе Кампацо, Шермадини и Шенгелија кои биле во првата четворка според бројот на добиени гласови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни