Поврзете се со нас

Свет

Миротиќ откако се зарази со коронавирусот: Ова е потешко…

Објавено

на

Барселона славеше на гостувањето во Валенсија во рамките на третото коло во Евролигата и тоа без Никола Миротиќ кој се зарази со коронавирусот и одредени време нема да му биде на располагање на тренерот Шарунас Јасикевичиус.

Миротиќ по средбата со Валенсија и ја честиташе победата на екипата и добро завршената работа, но потоа ги искористи социјалните мрежи и објави еден пост за тоа како е во изолација и како се справува со КОВИД-19.

-Ова е потешко отколку што мислев, -напиша Миротиќ кој е четвртиот член на Барса кој се зарази по тренерот Јасикевичиус и неговите асистенти Давид Гарсија и Дариус Масколинунас.

Каталонците вечерва ги очекува нов дуел и тоа против Панатинаикос во „Палау Блауграна“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни