Евролига
Миротиќ откачи по судиска одлука и го распарчи дресот на Барселона (Видео)

Никола Миротиќ одново беше еден од најдобрите играчи во таборот на Барселона, но Шпанецот со црногорско потекло не успеа да го спречи осмиот сезонски пораз на каталонскиот гигант во Евролигата и покрај одличното офанзивно издание.
Миротиќ го заврши мечот против Лион Асвел со 19 поени зад своето име, но домашниот тим претрпе пораз во Палау Блауграна во тесниот натпревар против францускиот претставник кој пак влезе во импресивна победничка серија во Евролигата.
На најтешкото гостување во досегашниот дел од сезоната, Лион стигна до својот шести триумф во низа и славеше со 69:76, натпревар на кој Миротиќ го видовме во едно нервозно издание со кое се најде во прв план.
Никола не можеше да ја прифати одлуката на судијата за фаул по еден блок кој го направи, па во дадениот момент до толку се изнервира, што го распарчи дресот на Барселона и самиот се упати кон клупата.
Миротиќ не можеше да биде на паркетот и поради ваквиот потег заработи и техничка грешка, а еден од одговорните луѓе на Барселона мораше да му донесе нов дрес за да го доигра мечот.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 24 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 23 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 11 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Англијапред 19 часа
Англиски новинар го сумираше фудбалскиот хаос со шега на сметка на Манчестер Јунајтед