Мирната рака на Стојановски донесе победа на Бујукчекмече

vojdan

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски му ја донесе третата победа на Бујукчекмече во групната фаза ФИБА Еврокупот.

Имено вечерва турскиот претставник во неизвесен меч славеше над Химик Јужни со 80:76 и тоа благодарение на мирната рака на нашиот Стојановски во самата завршница. Војдан при резултат 76-76 два пати беше фаулиран, ги реализираше четирите слободни фрлања и донесе славје за домаќините.

Севкупно нашиот ас постигна 10 кошеви, собра 4 скокови и запиша 2 асистенции. Рајт со 21 поен, 7 асиситенции и 5 скокови беше најдобар негов соиграч.

Бујукчекмече сега во групата Г има учинок 3-1, во следната рунда гостува во Белгија кај Монс.

Facebook Коментари