Миркуловски и Вецлар издржаа само едно полувреме против Кил

mirkulovski

Тимот на Вецлар од кој дел се македонските репрезентативци Филип Миркуловски и Јане Цветковски вечерва доживеа пораз на гостувањето кај Кил од 29-19.

Гостите беа рамоноправни во првиот дел кој заврши 12-12, но во продолжението ситуацијата на теренот се промени, фаворитот фати ритам и на фуриозен начин успеа да дојде до посакуваната цел.

Ландин и Екберг искомбинираа 14 голови за победниците, кај Вецлар најефикасен беше Френд Офордс со 6 голови.

Миркуловски не успеа да се запише во листата на стрелци, имаше два неуспешни обиди, но запиша една асистенција.

Facebook Коментари