Миркуловски и Вецлар го шокираа Кил на гостински терен

zuti radost

Филип Миркуловски и Вецлар доминираа на гостувањето кај големиот фаворит Кил и заслужено стигнаа до голема и убедлива победа (20:27) на овој натпревар од Бундеслигата.

Лидерот во германското првенство на полувреме имаше негатива (9:13), а Вецлар продолжи да доминира и во вториот дел, предводен од голманот Тибор Иванишевиќ кој го заврши натпреварот со дури 19 одбрани.

Миркуловски погоди еднаш од два обида, а најефикасни во неговиот тим беа Чавор и Френд Офорс со по 6 голови.

Филип Талески и Балинген загубија на домашен терен од Хановер (33:35) во натпревар на кој нашиот репрезентативец немаше реализација, а со ист учинок на Филип Кузмановски, Магдебург го победи Мелсунген со 26:25.

Facebook Коментари