Миркуловски и Вецлар со драматична победа над Балинген и Талески

zuti

Филип Миркуловски и неговиот тим Вецлар славеше на гостувањето кај Балинген со 34:33, а победата ја обезбеди со погодок постигнат во последните секунди од натпреварот.

Балинген во чии редови настапува Филип Талески долго време немаше пораз на домашен терен, но Вецлар успеа да го добие вечерашниот натпревар од Бундеслигата. Талески беше автор на два погодоци и три асистенции, додека Микуловски даде еден гол и запиша една асистенција.

Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт загубија од актуелниот лидер Хановер (23:28), со што гостите си обезбедија најдобар почеток на бундеслигашка сезона во клупската историја (6:0). Македонскиот репрезентативец даде два погодоци од три обиди.

Facebook Коментари