Миркуловски и Талески забележаа нови триумфи во Бундеслигата

filip-rnl

Македонските репрезентативци, Филип Миркуловски и Филип Талески со своите Вецлар и Рајн Некар Левен запишаа нови победи во Бундеслигата.

Жути со другарите од Вецлар пред своите гледачи беа поуспешни од Штутгарт со 29-23 и тоа во средба во која клучната предност ја направија во првиот дел (29-23). Бјорнсен со 8 и Холст со 7 голови беа најефикасни кај победниците за кои Миркуловски не даде гол (0/1).

„Лавовите“ од Манхајм пак сосема очекувано беа подобри од Ерланген со 33-22 (16-12). Исланѓанецот Сигурдсон беше во елемент и испука 11 погодоци од 15 обиди. Талески пак зад своето име запиша две асистенции.

РНЛ со 22 поени е четврти, Вецлар со 14 бодови е 9 на првенствената табела.

Facebook Коментари