Поврзете се со нас

Свет

Миркуловски славеше против Хановер, тежок пораз за Пешевски и Штутгарт

Објавено

на

Филип Миркуловски и Жарко Пешевски денеска настапија со своите екипи во ракометната Бундеслига, а Вецлар и Штутгарт имаа различен епилог на натпреварите со Хановер, односно Гепинген.

Вецлар оствари важна победа (26:24) против поранешниот тим на Миркуловски, продолжувајќи ја лошата серија на Хановер кој има три порази по ред во домашното првенство.

Миркуловски немал реализација, а најефикасен во неговиот тим бил Чавор со 6 голови.

Штутгарт успеа да постигне неверојатно мал број голови на гостувањето кај Гепинген (27:17) и доживеа убедлив пораз на оваа средба, со што останува во вториот дел на табелата.

И Пешевски не постигнал гол, а имал само еден неуспешен обид, додека најдобар во Штугарт бил Кристјансон кој го завршил натпреварот со 7 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни