Поврзете се со нас

Европски првенства

Миркуловски: Пропуштивме голема шанса, пресудни беа…

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Словенија го започна настапот на Европското првенство, но и покрај негативниот резултат дефинитивно има да се извлечат многу позитивни работи ако се земе во предвид дека ни недостасуваа првиот голман Никола Митревски како и капитенот Кире Лазаров кој се повреди на последниот тренинг и предвреме го заврши настапот на шампионатот.

Сепак и покрај сите пехови „црвено-жолтите“ покажаа борбена игра, се надигруваа со далеку поискусните Словенци, па во нашиот табор дури и жалат затоа што не е остварен подобар, позитивен резултат со оглед на тоа што се случуваше на средбата во Дебрецен.

-Одигравме добар натпревар, пресудни беа техничките грешки, беа премногу за еден европски натпревар. Ако ги сведевме на пет-шест помалку сигурно ќе победевме. Почетокот беше супер, поведовме со 4-1, но потоа ни направија серија. Требаше да го издржиме тој притисок и да влеземе во егал второ полувреме. Пропуштивме голема шанса, Словенците беа во грч. Се изненадија колку можеме добро да изиграме без Кире Лазаров, но сепак не успеавме да победиме, -истакна Филип Миркуловски кој даде свој коментар за репрезентацијата која остана без Кирил Лазаров во последен момент, односно поради повреда селекторот и капитен ќе мора да го пропушти шампионатот како играч.

-Па, тоа беше и нашата идеја пред првенството. И пред повредата Лазаров требаше да игра 15-20 минути како мене, идејата беше да се гради новата генерација, се виде дека имаат квалитет како во нападот, така и во одбраната на чело со Томовски кого мора да го пофалам. Сите топки кои беа негови ги одбрани. Ако ги сведевме техничките грешки на помалку, ќе имавме позитивен резултат, -заврши ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни