Миркуловски и Пешевски стрелаа и се радуваа на победи во Бундеслигата

zuti radost

Филип Миркуловски и Жарко Пешевски се радуваа на победи со своите Вецлар и Штутгарт на денешните средби во Бундеслигата.

Жути и компанија славеа на гостувањето кај Ерланген со 31-25 и тоа откако одигра перфектно во второто полувреме (13-7) како во одбраната така и во нападот. Миркуловски даде еден гол од еден обид со три асистенции, додека најпрецизен беше Бјорнсен со 6 погодоци.

Штутгарт пак пред своите гледачи беше подобар од фенерџијата Нордхорн-Линген со 29-24, а нашиот репрезентативец Пешевски реализираше 1 гол и 1 асистенција.

Вецлар со 14 бода е на 10 позиција на табелата, додека Штутгарт со 8 го држи 15 место.

Facebook Коментари