Европски првенства
Миркуловски откри каква е неговата иднина во репрезентацијата по поразот од Данска

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов
Македонската репрезентација по трет пат не оствари ниту една победа на едно ракометно Европско првенство, а турнирот кој го игравме во Дебрецин го завршивме со пораз од Данска која во овој момент важи за најмоќна ракометна сила во светот.
Избраниците на Кирил Лазаров денеска отворија импресивно и го изненадија фаворитот со предност од 4:0, но после тоа работите дојдоа на свое место и Данска со својот втор тим се справи со младата генерација на Македонија која на овој турнир остана без носители како капитенот, Манасков, Марковски и Стоилов кој ги пропушти последните два меча.
Филип Миркуловски и денеска беше најискусен ракометар на теренот, па иако е на залезот на кариерата, вечерва потврди дека ќе биде дел и од баражот за Светското првенство, се со јасна цел да им помогне на младите играчи.
– Игравме за наша душа вечерва, но на крајот загубивме со десет гола разлика. Ова е Данска, за мене тие се фаворит број еден на Европското првенство. Нивната втора и трета постава е добра како првата. Нема што да жалиме вечерва, овојпат загубивме од најдобриот тим.
– Вистина е дека имавме големи очекувања од ова првенство, но ни се случија доста Ковид проблеми и непосакувани повреди. Манасков, Марковски, а пред почетокот се повреди и Лазаров. Ќе беше поинаку ако тие беа дел од тимот, а потоа поради Ковид имавме проблеми и со Митревски и Стоилов. За жал, не успеавме да оствариме барем една победа. Денеска видовме дека Црна Гора е силна репрезентација, ја победија Словенија и се пласираа во следната фаза. Што се однесува до мене, ако се биде како што треба и ако ме служи здравјето, ќе бидам дел од тимот за баражот за Светското првенство. Оваа сезона е моја последна, после тоа ќе се посветам на тренерската кариера, – изјави Миркуловски.
-
Англијапред 5 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 16 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 15 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 3 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 13 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 11 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 11 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!
-
Францијапред 15 часа
Ди Марија испратен со шпалир од соиграчите, неговата сопруга не можеше да ги сокрие емоциите (Видео)