Миркуловски одличен, Вецлар го испушти Магдебург

mirkulovski

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски се прикажа во одлично на денешното гостување кај Магдебург во Бундеслигата, но тоа на крајот не се покажа како доволно и Вецлар загуби со 31-29.

Популарниот Жути беше најдобар играч во својот табор и постигна шест голови од осум обиди со една асистенција, меѓутоа тоа Вецлар не го искористи, поточно го испушти ривалот во самиот финиш.

Домаќините од 53 до 56 минута направија серија од 3-0 и поведоа со 29-27 со што си ги трасираа патот до триумфот.

Дамгард со 8 голови беше прв стрелец кај Магдебург. Вецлар по осум рунди има ефект од три победи, две нерешени и три порази и е на осмата позиција на табелата. Во следното коло Жури ќе го пречека Филип Талески и Рајн Некар Левен.

Facebook Коментари