Поврзете се со нас

Европски првенства

Миркуловски: Направивме чудо против Данска, Алборг е шанса за младите ракометари

Објавено

на

Искусниот Филип Миркуловски одново го облече дресот на македонската репрезентација, а токму неговото знаење, квалитет, борбеност донесе многу на вчерашниот меч во Скопје на кој „црвено-жолтите“ го срушија актуелниот светски и олимписки шампион Данска.

-Одамна не сум победил селекција од Топ три во светот и ми навистина драго што ја добивме Данска. Сите се надевавме на чудо, сите одигравме максимално и тактички зрело. Сите знаеја каде треба да чуваат и каде да напаѓаат, така да само треба да продолжиме во овој ритам, оваа посветеност и да бележиме нови победи.

-Помладите ни помагаа во минатото, сега ние сме тука да им помогнеме, сега се во главна улога. Тие се онои кои треба да преземат во наредните години и да ја имаат лидерската улога. Тука зборувам за Талески, Велковски и Кузмановски како бековска тројка. Одиграа зрело, почнаа и отворија супер, ние им помогнавме и се функционираше како што беше планирано, -истакна Миркуловски и додаде:

-Можеби Данска нè потцени, но ние изгледавме скоро перфектно. Во одбрана ги затворивме сите нивни акции и игри „еден на еден“, добро ги прочитавме. Потоа на противникот му беше тешко да се врати, ние ја презедовме играта и го диктиравме темпото во текот на целиот натпревар, -рече Жути кој проговори и за средбата која следува во Алборг.

-Ние го направивме чудото, но одиме во Данска повторно да се прикажеме во фино светло,да одиграме коректен натпревар. Овој меч треба да биде нова шанса, плус искуство за младите ракометари, па ако ни се отвори како во Скопје зошто да не извлечеме поволен резултат. Одамна не сум одиграл толку голема минутажа во двата правци, така да малку ми е потешко и затоа се откажав од репрезентацијата поради тој силен ритам. Сигурно ќе добијам нешто помала минутажа отколку на првиот натпревар, -заврши членот на Велцлар.

Македонија има три од три во квалификациската група 7 за пласман на ЕП. Дуелот со Данска во Алборг се игра во недела од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни