Миркуловски ја доби битката со Томовски, Магдебург на Кузмановски ја продолжи одличната серија

mirkul

Филип Миркуловски беше еден од најдобрите поединци во тимот на Вецлар, кој денеска ја доби божиќната бундеслигашка пресметка со Лудвигсхафен на нашиот репрезентативен голман Мартин Томовски (26:23).

Миркуловски постигнал 3 гола од исто толку удари, а со последниот стави печат на победата, реализирајќи го последниот 26-ти гол за домашниот тим. Томовски имал 2 одбрани за речиси 16 минути на теренот, а неговиот тим останува при дното во германското првенство.

Филип Кузмановски немаше ефект во победата на Магдебург на гостувањето кај Нордхорн (21:27), додека Филип Талески постигна 1 гол, но неговиот Балинген доживеа тежок пораз од Мелсунген со резултат 36:23.

Магдебург е во одлична серија со која има само два бода помалку од Кил и Хановер, додека Вецлар е на осмото мест со осум бодови помалку. Балинген нанижа четири порази по ред и е на 14. место, додека Лудвигсхафен е на претпоследното место со само 8 бодови.

Facebook Коментари