Миркуловски ја доби битката со Талески, но „лавовите го изедоа“ Вецлар

taleski

Ракометарите на Рајн-Некар Левен ја оправдаа фаворитската улога и обезбедија триумф над Вецлар од 34-25 во новата рунда од германскиот шампионат.

Бранителот на пехарот даде по 17 голови во двете полувремиња (17-11, 17-14) што беше доволно за славје и нов чекор кон зацртаната цел-нова титула во Бундеслигата.

Шмид со 7 и Чавор и Холст со по 4 голови беа најефикасни играчи во двата табори. Во однос на нашите репрезентативци далеку подобар и порасположен во фазата на нападот беше Филип Миркуловски кој даде 3 голови од 4 обиди за гостите, додека пак Филип Талески на спротивната страна имаше 1 неуспешен обид и 1 асистенција.

Левен со 46 поени е прв, додека Вецлар со 25 поени е 10 на прволигашката табела.

Facebook Коментари