Поврзете се со нас

Европски првенства

Миркуловски им одржа лекција на младите играчи: Има нешто што не се тренира!

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Филип Миркуловски е убедливо најискусен ракометар во актуелната селекција во отсуство на повредениот Кирил Лазаров, па поради тоа го искористи таквиот статус за да им одржи лекција на своите млади колеги откако стана јасно дека Македонија веќе нема никакви шанси за пласман во втората рунда на Европското првенств.

Иако импресиите по првиот пораз од Словенија навистина беа импресивни, за очекување беше да се види сигурна победа против Црна Гора, но наместо тоа, фаворитската улога се покажа како преголем товар и противникот сосезма заслужено победи во натпревар во кој наметна темпо од самиот старт.

Миркуловски порача дека оваа генерација на Македонија е доволно добра за да победи против Црна Гора, но додаде дека две работи не се тренираат и тие недостасувале на теренот во Дебрецин.

– Вистината е дека сме многу разочарани. Поквалитетни сме од Црна Гора и сигурен сум во тоа, но тоа се докажува на терен. Сега видовме дека фаворитите не победуваат секогаш. Со стоење и одење на теренот, не се победува било кој противник.

– Трениравме добро, се подготвувавме добро за овој меч, но срце и душа не се тренираат. Тоа го немавме на теренот и навистина ми е жал. Да загубивме со борба ќе ми беше полесно. Најтешко ми е што загубивме на тој начин, без да покажеме срце и душа на терен, – изјави Миркуловски кој додава дека отсуството на Столе Стоилов во последен момент не треба да служи како изговор.

– Не треба да биде изговор што не играше Столе. Имаме квалитет како репрезентација, но тоа не е доволно понекогаш. Квалитетот не победи денеска и тоа го видовме на теренот, – заврши „Жути“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни