Поврзете се со нас

Свет

Миркуловски и Вецлар со лекција за Кил

Објавено

на

Германскиот шампион Кил доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Вецлар (31:22), а Филип Миркуловски и неговите соиграчи доминираа од почеток до крај на овој натпревар од Бундеслигата.

Ракометарите на Вецлар го „прегазија“ Кил во првото полувреме кое го добија со 18:11, а во вториот дел стигнаа и до повисока предност за конечни 31:22 и слатка победа против големиот фаворит.

Миркуловски немал реализација на овој натпревар, а најрасположени негови соиграчи биле голманот Климпке со 15 одбрани и Холст кој во нападот реализирал дури 8 погодоци.

Во редовите на Кил најдобри стрелци биле Екберг со 5 и Рајнкинд со 4 голови.

Со оваа победа, Вецлар има ист ефект како Кил, односно две победи и пораз во стартните три кола од германската Бундеслига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни