Поврзете се со нас

Свет

Миркуловски и Вецлар победнички ја затворија оваа календарска година

Објавено

на

Вецлар на Филип Миркуловски со победа над Есен од 36-29 ја заокружи оваа календарска година во Бундеслигата.

Фаворитот мораше да се разбуди во вториот дел, да заигра на далеку повисоко ниво за да дојде до посакуваниот резултат на ова гостување. Миркуловски и компанија вторите 30 минути ги реализираа со 21-13 што беше повеќе од доволно да се направи пресврт и се прослави осмата сезонска победа.

Поранешниот македонски репрезентативец оваа средба ја заврши со 50 процентна реализаиција, погоди два од четирите обиди кон голот на Есен. Клингер со 10 погодоци беше најдобар стрелец на мечот, еден помалку даде соиграчот на Жути, крилото Бјорнсен.

Вецлар со 17 бода е на 7 позиција на табелата во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни