Поврзете се со нас

Свет

Миркуловски и Вецлар ја запишаа 13. победа во Бундеслигата

Објавено

на

Германскиот прволигаш Вецлар за кого настапува нашиот Филип Миркуловски го потврди статусот на фаворит и славеше на гостувањето кај Нордхорн-Линген со 30-29.

Ова беше дуел на кој Вецлар добро го одработи првото полувреме кое го реализираше со 17-12, во второто имаше подеми и падови, но она што е најважно е што гостите ја задржаа предноста и со тоа и победата, двата бода на контото.

Миркуловски имаше добра партија и реализираше два од трите обиди. Вебер со 11 погодоци беше најефикасен ракометар на натпреварот.

Вецлар со 30 бода е на 6 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни