Европски првенства
Миркуловски: Го клекнавме светскиот шампион на колена, ова чудо не смее да остане само добра епизода
Македонската ракометна репрезентација направи големо изненадување и славеше над Данска со 33-29 во вечерашната битка од квалификациите за пласман на Европското првенство.
„Црвено-жолтите“ се покажаа во едно сосема поинакво светло од она на мундијалот во Египет, поточно селекторот Кире Лазаров заедно со соработниците успеале за кратко време да поправат многу работи како во одбраната, така и во нападот и со тоа да се надигра актуелсниот светски шампион.
Голема улога во триумфот имаше и повратникот Филип Миркуловски кој со своето знаење, квалитет, искуство донесе смиреност, компактност и кога беше најпотребно беше на највисоко ниво.
Токму популарниот Жути испрати јасна и директна порака по вечерашното славје во Борис Трајковски.
-Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште по посветено за Македонија, -порача Миркуловски.
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација16 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Репрезентација14 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Свет24 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Англија16 часа
Гвардиола за новиот договор на Халанд: Тоа е поради…