Поврзете се со нас

Свет

Миркуловски го доби дуелот со Пешевски, ефектот на Кузмановски недоволен за Хановер

Објавено

на

Филип Миркуловски е единствениот македонски интернационалец во Бундеслигата кој денеска се радуваше на победа на својата екипа, а неговиот Вецлар триумфираше во дуелот со Штутгарт, чиј дрес го носи Жарко Пешевски.

Миркуловски и Пешевски постигнаа по 1 гол за своите екипи, а на крајот Вецлар победи со убедливи 30:25 и ги израдува своите фанови.

Поединечно, најдобар настап имаше Филип Кузмановски, кој два пати за неколку дена постигнува по 5 голови, но овој пат неговиот Хановер загуби на домашен терен од Балинген (25:29).

Предводен од расположениот Липовина, Балинген стигна до третата победа сезонава и сега има ист учинок со Хановер во однос на натпреварите со победа.

Вецлар ја прекина серијата од два пораза по ред и со денешниот триумф стигна до 12 бодови, односно бод помалку од Штутгарт кој е на петтото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни