Свет
Миркуловски дебитираше со триумф против Кузмановски и Хановер

Челните луѓе на Вецлар пред неколку дена му дадоа голема доверба на Филип Миркуловски и го назначија за тренер на тимот, а легендарниот македонски репрезентативец вечерва имаше успешно деби на клупата.
Во натпреварот од 14-то коло во ракометната Бундеслига, Вецлар на првиот меч во новата улога на „Жути“ победи на гостувањето кај Хановер со 23:26.
Вецлар претрпе дури девет порази во првите 13 кола и тоа го натера раководството да направи смена на најодговорната функција, а четвртата победа во сезоната прави тимот да избегне од опасната зона на табелата.
Момците на Миркуловски ја најавија победата со водството од 10:14 на полувреме, а во вторите 30 минути, ја одржаваа предноста и се изборија за важен триумф.
Интересно, противник на Миркуловски во неговиот прв тренерски предизвик беше Филип Кузмановски, кој мечот го заврши со два гола од три обиди.
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“