Македонија
Мирков си поднесе оставка во Шкупи по поразот од Работнички
Шкупи направи поголеми промени во стручниот штаб пред еден месец и тоа се чинеше дека ќе биде долгорочено решение, но после 30-тина дена, пристигнува вест за нова смена во Чаир.
Матија Мирков после долги години како тренер на голманите беше прекомандуван за шеф на стручниот штаб во месец август, меѓутоа еден месец подоцна, самиот реши да се повлече.
Шкупи денеска претрпе пораз од Работнички со 2:1, а два часа подоцна, Мирков преку социјалните мрежи извести дека веќе не е тренер на првиот тим.
– Би сакал да им се заблагодарам на сите мои играчи, на целиот персонал и на раководството на клубот што ми дадоа шанса да работам со нив веќе речиси четири години.
– Овој период беше полн со подеми и падови, исто како во животот. За мене беше задоволство целиот овој пат, давав 100 проценти на секој тренинг затоа што навистина уживав. Како и да е, дојде време да ни се разделат патиштата, па сакам да им посакам на сите во клубот се најдобро во иднина, со сето мое срце. Чувајте ги главите момци, светла иднина е пред вас, – порача Мирков.
На стартот на сезоната, Шкупи се раздели и со Ернест Ѓока, па тимот од Чаир ќе добие и трет тренер во краток временски интервал.
-
Италијапред 19 часа
Фабрегас му симна капа на еден играч на Наполи: „Мама миа“, каков фудбалер!
-
Англијапред 21 час
Ридигер: Само двајца стопери можат да го чуваат Халанд во Премиер лигата
-
Италијапред 22 часа
МекТоминеј постигна гол после 25 секунди, Конте почна да ужива во Неапол (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Погба со едноставна објава означи победа во „допинг војната“ (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Пацерски автогол за фудбалските анали: Голманот на Лидс направи невидена глупост во 97. минута (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти детектирал два проблеми со своите играчи од Реал: Свесни сме што треба да направиме
-
Италијапред 8 часа
Конте изненаден од својот Наполи: Да ми кажуваше некој пред три месеци…
-
Францијапред 22 часа
Евра: 99 проценти е сигурно дека Погба нема да го облече дресот на Јуве, јас веќе му се јавив на Бенатија