Мирко Кро Кап се врати во рингот и го „уништи“ противникот за една минута (Видео)

mirko-krokap1

Хрватот Мирко Филиповиќ се врати на рингот и тоа со експресен нокаут во дуелот со Јапонецот Цујоши Косака на Светскиот гран-при турнир организиран од Ризин боречката федерација во Саитама, Јапонија.

Популарниот Кро Кап започна со голема офанзива, а откако неговиот противник се најде на подот, со брутални удари изнуди прекин на борбата и стигна до нова победа во својата ММА кариера.

Хрватската легенда покажа дека е во одлична форма иако има 43 години, а најави дека со уште две борби во организација на истиот промотер дефинитивно ќе ја заврши кариерата.

Facebook Коментари