Мирко Ивановски донесе победа за Славен Белупо (видео)

mirko

Македонскиот интернационалец во дресот на Славен Белупо, Мирко Ивановски, постигна нов погодок за хрватскиот тим во победата против Осиек во рамките од 36. коло од Првата хрватска лига.

Славен како домаќин го победи тимот на Осиек со голови постигнати во самиот финиш на натпреварот.

Најпрво гостинскиот тим погоди за 1:0 преку Мудразија во продолжението од првото полувреме. Сепак, Славен Белупо направи целосен пресврт во последните десетина минути од средбата.

Најпрво во 84. минута резултатот го изедначи Реберник, додека само две минути подоцна Ивановски погоди за конечни 2:1.

Ова за македонскиот интернационалец е 15 гол во дресот на Славен Белупо оваа сезона со што се најдена третото место во листата на најдобри стрелци во Хрватска.

Facebook Коментари