Поврзете се со нас

Германија

Мириса на „двојна круна“: Леверкузен со брилијантна партија се пласираше во финалето на Купот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо го препороди Баер Леверкузен во изминатите 18 месеци и направи тим кој го почитува цела Европа, а како што стојат работите, шпанскиот стручњак е на добар пат да освои „двојна круна“.

По изразената доминација во Бундеслигата и сезоната без пораз во сите натпреварувања, „фармацевтите“ продолжија во исто темпо и во Купот, каде вечерва се пласираа во големото финале.

Леверкузен немаше никаков проблем против Фортуна Диселдорф и оствари преубедлива победа со резутлат 4:0, натпревар на кој посебно блескаше малдиот Фабијан Вирц.

Младата германска ѕвезда постигна два гола и намести еден во триумфот од 4:0, а покрај него, во листата на стрелците се запишаа и Фримпонг и Адли.

Со овој триумф, Леверкузен се пласираше во големото финале на ДФБ Покал Купот, а во завршниот чин за противник ќе го има тимот на Кајзерслаутерн.

Исто така, вреди да се напомене дека ова беше 40-ти натпрвар во низа на кој четата на Чаби Алонсо остана непоразена во сите три натпреварувања (Бундеслигата, Куп и Лига Европа).

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни