Поврзете се со нас

Балкан

Мирчевски стигна до својот првенец во српската Суперлига по неверојатна драма во шеснаесетникот (Видео)

Објавено

на

Мартин Мирчевски како најдобар стрелец од Првата македонска фудбалска лига направи трансфер во ТСЦ Бачка Топола, а денеска го постигна својот првенец во најсилното фудбалско друштво во Србија.

Македонскиот фудбалер го постигна својот прв гол на официјален меч во Србија на навистина драматичен начин, бидејќи мораше двапати да ја тресе мрежата за да се најде во судискиот записник.

Мирчевски најпрво погоди за 1:1 во 95-та минута, но судијата направи огромна грешка и претходно досуди прекршок, па наместо гол, имаше пенал.

Истиот не го реализираше Скулетиќ, но акцијата продолжи и топката некако стигна до главата на Мирчевски, кој се најде на вистинско место во вистинско време за гол кој овојпат не можеше никој да му го одземе.

Крилниот фудбалер на овој начин му донесе голем бод на својот тим, кој ремизираше на гостувањето кај Чукарички во рамки од 27-то коло во Првата лига на Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни