Поврзете се со нас

Балкан

Мирчевски со гол и асистенција ја најави победата на ТСЦ, голманот на Чукарички ја потврди (Видео)

Објавено

на

Српскиот прволигаш ТСЦ денеска оствари важна победа на гостувањето кај Чукарички (2:3), а нашиот интернационалец Мартин Мирчевски беше меѓу најзаслужните за овој резултат.

Мирчевски беше стартер во тимот од Бачка Топола, а одговори одлично на предизвикот, откако во 36. минута реализираше атрактивно за гостинската екипа.

Во вториот дел, македонскиот интернационалец испрати одлична асистенција до Ѓаковац, при што неговиот тим во таа ситуација повторно стигна до предност во Белград.

Чукарички вторпат израмни, но во завршните моменти неговиот голман Мицовиќ направи голема грешка, па ТСЦ стигна до трите бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни