Поврзете се со нас

Балкан

Мирчевски погоди против Партизан (Видео)

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/fktsc

Мартин Мирчевски постигна уште еден гол во српското фудбалско првенство, иако неговиот ТСЦ не успеа да го изненади фаворитот Партизан (2:3).

Тимот на македонскиот интернационалец поведе уште на стартот, подоцна дозволи пресврт на „црно-белите“, за Мирчевски во 80. минута да се снајде најдобро пред голот на Поповиќ.

Македонецот израмни на 2:2 и ги израдува домашните фанови, но шест минути подоцна гостите повторно реализираа преку Урошевиќ, поставувајќи ги конечните 2:3.

За Мирчевски ова е шести погодок на тринаесет настапи во првенството, а денеска повторно чекаше шанса од клупата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни